Русија бара „веднаш“ да и биде одблокиран Фејсбук профилот на руската делегација во Виена

Фото : Архива

Русија побара „веднаш“ да и се врати официјалната Фејсбук страница на руската делегација на преговорите во Виена,

Профилот на Министерството за надворешни работи, Фејсбук ја блокираше поради, како што е наведено поседување „нелегална содржина“.

Рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор испратил барање до Мета, калифорниска компанија и сопственик на Фејсбук, „веднаш да ги отстрани ограничувањата на официјалниот профил“ на руската делегација во Виена, која води разговори за контрола на вооружувањето.

„Блокирањето на профили е чин на цензура што го нарушува слободниот проток на информации“, предупреди рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор.

Споменатата страница на Фејсбук во петокот беше блокирана со образложение дека објавува нелегална содржина, изјави шефот на руската делегација во Виена Константин Гаврилов, потенцирајќи дека истата сè уште е блокирана .

Гаврилов објаснува дека делегацијата ја користи страницата за објавување официјални изјави од руски претставници.

Страницата на таа делегација беше блокирана и од Твитер во февруари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот