Рудникот Саса казнет 50 илјади евра

Рудникот треба да спроведе девет мерки, меѓу кои се чистење на деловите од речното корито на река Каменица од јаловиштен материјал и интервентно чистење на талогот на јаловината од бунарската зона на Каменица, соопштија од Министерството.

На Рудникот Саса му е изречена глоба во висина од 50.000 евра, а за одговорното лице – 15.000 евра во денарска противвредност, одлучи Државниот инспекторат и Министерството за животна средина за случајот со излевањето на олово-цинковата јаловина на 14 септември. Максимална предвидена казна за најтешките прекршоци од оваа област изнесува 100 илјади евра.

Рудникот треба да спроведе девет мерки, меѓу кои се чистење на деловите од речното корито на река Каменица од јаловиштен материјал и интервентно чистење на талогот на јаловината од бунарската зона на Каменица, соопштија од Министерството.

На 14 септември, поради попуштање на хидројаловиштето на кое се складира јаловишниот материјал од преработката на олово-цинковата руда, во Каменичка Река се излеаја околу 3 илјади кубни метри отпаден материјал.

Саса ќе продолжи со чистење на речното корито, како и да го исчисти зафатот од талогот на мала хидроелектрана. Инспекторатот бара да се стабилизира и јаловишната брана од каде што се случило излевањето.

Од рудникот информираат дека веќе трае санација на последиците и во првата фаза од чистењето ќе ги опфатат приоритетните зони, а потоа преостанатиот дел од речното корито. Чистењето се врши на потегот од јаловиштето до Македонска Каменица, со должина од 9 километри.  Ќе се направат и инженерски прилагодувања, со цел вакво нешто да се не повтори.

Каменичка Река се влева во акумулацијата Калиманци, која во овој период од годината е празна, а браната е затворена, па засега не постои можност за излевање на загадената вода во реката Брегалница, но нема информации кои количества олово завршиле на дното на езерото. Според професорот Трајко Стафилов од Природно-математичкиот факултет, влијанието на испуштениот материјал во водата ќе биде во зависност од количеството на испуштениот материјал и во зависност од тоа во каква форма се оловото и цинкот, односно колкава е растворливоста на соединенијата во водата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот