Рубин Хебај е првото зимско засилување на Шкендија

Фото: kfshkendija.com

Денеска тетовските „црвено-црни“ го промовираа новото зимско засилување пред стартот на вториот дел од сезоната, станува збор за 22-годишниот Рубин Хебај.

Тој во наредните две и пол години ќе ги брани боите на есенскиот шампион во Првата македонска лига, Шкендија.

Овој играч кој настапува во делот на нападот, беше досега дел од албанските национални репрезентации до 17, 19  и 21 година.

На клупски план настапуваше за Влазнија, Домжале, Партизани, Ворскла Полтана, а негова последна екипа беше Теута со 15 натпревари и два голови, а воедно се закити со трофеи во албанскиот Куп и Суперкуп.

Со Партизани Тирана каде што играше на позајмица од словенечкиот тим на Домжале придонесе со четири погодоци во освојувањето на титулата шампион во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот