Рони Вуд од „Ролинг стоунс“ за време на пандемијата се борел со многу редок вид на агресивен канцер

Instagram
Instagram

Членот на „Ролинг стоунс“, легендарниот гитарист Рони Вуд, во интервју откри дека успеал по вторпат да ја победи болеста, која овој пат била многу ретка и поагресивна форма на рак. Сега тој е посветен на сликарството, живее здрав живот и одвај чека да ѝ се врати на музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronnie Wood (@ronniewood)

Музичарот вели дека сега се чувствува добро и се занимава со сликање, а сопругата Сали и нивните близнаци му помогнале најмногу да остане силен. Исто така, верува дека тоа што веќе една деценија е трезен, како и вербата во „повисока моќ“ му помогнале полесно да ја преброди болеста.
Рок легендата Рони Вуд, додека семејно бил во „локдаун“, ја добил шокантната информација дека има канцер на малите клетки, кој е многу редок вид и бил варијација на претходниот.

Имав рак на два различни начини. Прво во 2017 година го победив ракот на белите дробови, а сега имав рак на малите клетки. Со оваа болест се борев во тек на последниот „локдаун“, изјавил 73-годишниот Рони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronnie Wood (@ronniewood)


Овој тип рак најчесто се појавува во белите дробови, но може да се прошири и на други делови од телото како простата, панкреасот, бешиката и лимфните јазли. Наречен е рак на малите клетки бидејќи канцерогените клетки имаат различна големина и форма, кога се гледаат под микроскоп. Болеста е многу агресивна, но, за среќа, тој успеал да ја победи.

Рони кој во 70-тите и 80-тите години од минатиот век беше познат по животот исполнет со зависности од алкохол и дрога, поради што дури осумпати бил на рехабилитација, изјави дека верува дека најмногу му помогнала силната верба во „повисоки моќи“ која е основа на последното Здружение на анонимни алкохоличари и наркомани, каде што е член.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronnie Wood (@ronniewood)

Минувам низ многу проблеми, но искуството со молитвите и вербата што ги научив во здружението ме препородија. Тоа беше неверојатно и верувам дека многу ми помогнаа. Можам само да останам позитивен, да бидам силен и да се борам, а сè друго е во Божји раце.

Рони кој пред да се разболи од рак на белите дробови во 2017 година, пушел 25-30 цигари на ден, повеќе од 50 години, се откажа од таа навика во 2016 година. По откривањето на болеста, му беше извршена петчасовна операција, при што му беше отстранет дел од белите дробови, а во 2018 година откри дека ја победил болеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronnie Wood (@ronniewood)


Откако успеал да ги победи зависностите, Рони се посветил на сликарството, за кое вели дека многу му помогнало во тек на „локдаунот“ полесно ја победи болеста. Минатата година во август тој одржа изложба, а сега продава лимитирана едиција од потпишани копии од неговото дело „Афирмација 1“, на кое пишува „Кога се грижам за себе, можам да постигнам сè“.

Делото е инспирирано од неговата лична борба со болеста, а парите што ќе ги собере од продажбата ќе ги донира во фондацијата на Мелија Мекенери, сопруга на гитаристот Ерик Клептон, за поддршка на лица што се борат со зависности.

Многу сум трогната од желбата на Рони да помогне во исполнување на нашите цели да им помогнеме и да им овозможиме третмани на луѓето што имаат потреба од нив, а не можат да си ги дозволат. Посебно силна е пораката која ја пренесува преку својата слика и верувам дека ќе биде причина за позитивни промени во многу животи. Инспиративно е да пронајдете некој што се борел со зависност и ја победил, а сега сака да им даде надеж и поттик на луѓето што сè уште се борат – изјавила Мелија.

Рони кој во меѓувреме ужива во сликањето, откри дека одвај чека да завршат ковид – рестрикциите и заедно со колегите од бендот „Ролинг стоунс“ да тргнат на турнејата „Без филтер“, која ја започнаа есента во 2017 година, а беше прекината поради пандемијата. Тој вети дека овојпат нема да пропушти ниту еден настап поради старост, зависност или болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот