Кристијано Роналдо и Вејн Руни беа поранешни соиграчи во Манчестер јунајтед/Фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Роналдо запиша нов рекорд, го престигна Вејн Руни

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во април.

Минатиот месец Португалецот на само четири првенствени натпревари постигна пет гола, што беше доволно за ова признание.

Со втората награда сезонава и шеста во кариерата го надмина поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ Вејн Руни кој има пет.

Моментални рекордери се Серхио Агуеро и Хари Кејн, кои седум пати биле играчи на месецот на островот.

Во април, 37-годишниот играч Роналдо го постигна својот 100 гол во Премиер лигата, во поразот од Арсенал (3:1), а исто така го постигна и својот 50 клупски хет-трик во победата од 3:2 над Норич сити.

Мајк Џексон, стратегот на Барнли, беше прогласен за најдобар менаџер во април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот