Роналдо уште еднаш покажа дека е голем човек, помага на болно девојче од Србија

twitter/JuventusFC

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, го донираше својот дрес на аукција во акцијата за собирање средства за болно девојче од Србија.
Роналдо со овој потег се вклучи во хуманитарната акција за помош на едногодишната Софија Маркуљевиќ која боледува од ретка болест на спинална мускулна атрофија.

Португалецот за таа цел го донираше дресот на Јувентус кој го носеше на натпреварот против Милан на 11. ноември 2018 година, а лицитацијата се одвива на сајтот „Јунајтед черити“ која е една од најголемите хуманитарни организации во Европа.

До вчера, цената за дресот на Роналдо достигна 4.590 евра, а до крајот на лицитацијата има уште 24 дена.

За операцијата и лечењето во САД на малата Софија се потребни 2.1 милион долари, а нејзиното семејство има рок од 10 месеци да ги собере потребните пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот