Роналдо има сопствен музеј, погледнете го неговото „кралство“ (ВИДЕО)

Португалскиот репрезентативец и член на Јувентус, Кристијано Роналдо, времето поминато во изолација во родната Мадеира го искористи да го преуреди сопствениот музеј. Музејот е отворен уште во 2013 година и тоа од страна на неговиот поранешен клуб, Спортинг Лисабон, но сега Роналдо одлучи да го преуреди по сопствен вкус.

Очекувано, името на музејот но и продавницата во која се наоѓаат производите кои се посветени на Роналдо се вика „CR7 Museum Online Store“.

„Здраво момци, потпишав некои работи за вас. Тука сум, во својот музеј, погледнете ја онлајн продавницата… Има се и сешто и се надевам дека ќе ви се допадне“, порачува Роналдо во промотивното видео посветено на музејот.

Во музејот се наоѓаат златните топки, златните копачки, дресови и трофеои как и сите пет пехари од Лигата на шампионите кои Кристијано Роналдо ги освои со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот