Ромска свадба од 40.000 евра! Версаче круна, венчаница од злато, наметка од евра… (ФОТО+ВИДЕО)

Youtube

Ева (19) и Лукаш (20) од Михаловац, град во источна Словачка, станаа ѕвезди на Интернет благодарение на раскошната свадба што ја приредиле.

Не се штедело на ништо, особено не на модната комбинација на невестата на чија глава сјаела круна вредна 3.500 евра.

На круната се „лепеле“ банкноти од 50 евра, ситница во однос на банкнотите што ги добивала музиката.

Музичарите донесени од Велика Британија добивале бакшиш од 100 и 500 евра, а невестата на крај била „накитена“ како новогодишна елка, а пред самиот крај на венчавката имала наметка направена од банкноти, пишуваат словачките медиуми.

Младоженецот бил облечен во смокинг попрскан со злато, а носел неколку килограми тежок златен ланез околу вратот.

Словачките медиуми објавија дека бракот на Ева и Лукас се славел од петок до понеделник со 80 гости, а свадбата била детално планирана од летото и за неа се потрошени околу 40.000 евра.

Погледнете дел од атмосферата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот