Романтичен гест на најстариот син на Бекамови од кој полудеа обожавателките

Иако ја одложија венчавката поради ковид-пандемијата, Бруклин Бекам и четири години постарата актерка Никола Пелц не престануваат да уживаат во својата љубов. Откако ѝ посвети четири тетоважи на својата сакана, најстариот син на Давид и Викторија Бекам направи уште еден романтичен гест.

Тој каде и да оди отсега секогаш со себе го носи прстенот посветен на саканата, на кој од надворешната страна го изгравира нејзиното име „Никола“ додека во внатрешноста на прстенот стои кус напис – „Љубовта на мојот живот“. Иако многу мажи овој гест би го задржале за себе, младиот Бекам не се срами јавно да ги покаже своите емоции, особено кога е во прашање неговата свршеничка која исто така ја сподели фотографијата на својот инстаграм-профил.

Instagram
Instagram

Најстариот син на Бекамови кој гради кариера како фотограф во својат колекција од речиси 30 тетоважи, вклучувајќи го и написот на градите „mama’s boy“ додаде и тетоважа посветена на убавицата Никола. Најемотивна е тетоважата со името на бабата на Никола, Џина, која починала во јануари, а била многу важна фигура во животот на девојката.

Бруклин и Никола се во врска година дена, а својата љубовна приказна ја открија на социјалните  мрежи во тек на карантинот кој го поминаа заедно во станот на Бруклин во Њујорк, каде таа се всели по пет месеци врска. Свршувачката ја објавија во кругот на семејството и пријателите по девет месеци врска, а најавената свадба за минатото лето ја одложија поради корона-пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот