Романија ќе ги приземји миговите

Руски авион ловец МиГ-29
Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Романија која е држава членка на НАТО одлучи да ја приземји својата флота на борбени авиони од моделот „МиГ 21“. Оваа одлука на армискиот врв на Романија се должи на проценката дека овие авиони имаат „висока стапка на несреќи“.

Во соопштението до јавноста на романското министерство за одбрана се информира дека паралелно со процесот на приземјуваењ на авионите од советско потекло, земјата ќе го забрза процесот за набавка на  користени авиони Ф-16 од Норвешка.
Романските власти информираат дека овој чин на државата не е поврзан со руската инвазија на Украина, со која Романија дели дури 650 километри граница.

Во периодот додека не се набави поголем број на летала Романија својот авио простор ќе го обезбедува со својата мала флота од авиони Ф-16 што ги купи минатата година од Португалија. Дополнително, објаснуваат од романското министерство за одбрана, воздушниот простор над државата го бранат сојузничките сили како дел од заштитата на источното крило на НАТО.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот