Ролинг Стоунси до Трамп: Ќе те тужиме ако користиш наши песни во кампањата

Трамп ја искористи песната „You Can’t Always Get What You Want ” за време на неодамнешниот изборен митинг во Тулса, Оклахома. Истата песна ја искористи и за време на кампањата во 2016 година.

Ролинг Стоунси го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужат доколку тој продолжи да користи нивни песни на митинзи за време на кампањата.

Во соопштение на правниот тим на популарниот бенд се вели дека е воспоставена соработка со организацијата БМИ, што се занимава со заштита на авторските права, со цел да се запре неовластената употреба на нивната музика, кави Би-би-си.

БМИ, во име на Стоунси, го известила тимот на Трамп дека употребата на нивните песни без дозвола ќе биде кршење на договорот за лиценца и ќе биде предмет на правна постапка.

Трамп ја искористи песната „You Can’t Always Get What You Want ” за време на неодамнешниот изборен митинг во Тулса, Оклахома. Истата песна ја искористи и за време на кампањата во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот