Роденденска забава со Александар и Дац на покривот на ГТЦ: „Со љубов за Скопје“ на 29 септември

Фото: Промо

Драган Спасов-Дац и Александар Митевски конечно ја исполнуваат големата желба на обожавателите, која потекнува уште од времето на пандемијата, односно да направат една голема забава на којашто може да дојдат сите.

Повод е роденденот што го слави музичкото дуо, четврта година по ред.

Забавата е насловена како „СО ЉУБОВ ЗА СКОПЈЕ“ – подарок од Дац и Александар и Градскиот трговски центар Скопје – за сите вас!

Фото: Промо

Дружбата е најавена за 29 септември, петок, од 20:30, а ќе биде проследена со убава евегрин вечер и дружење со хитовите на сите генерации.

ГТЦ Скопје како добар домаќин овозможи прекрасната зелена градина на покривот на ГТЦ, слободен влез за сите и сите потребни услови за убаво музичко дружење со музичкото дуо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот