Робертсон изрази поддршка за ратификацијата на Протоколот за НАТО

Членството на земјата во НАТО значи и споделување на вредностите на западното семејство на нации и вредности и важен камен темелник за регионалната стабилност и безбедност во рамки на Западен Балкан.

Поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон во име на Охридската група, испрати писмо со поддршка по повод ратификацијата на Протоколот за пристаување на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на Шпанскиот сенат.

– Кралството на Шпанија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија, со што завршија парламентарните процедури во сите 29 земји-членки, и овозможувајќи полноправно членство на вашата земја во неделите што доаѓаат, наведува Робертсон во писмото.

Посочува дека членството на земјата во НАТО значи и споделување на вредностите на западното семејство на нации и вредности и важен камен темелник за регионалната стабилност и безбедност во рамки на Западен Балкан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот