Роберто Карлос се огласи од болница: Немав срцев удар…
Легендарниот Роберто Карлос е во стабилна здравствена состојба и нема причина за загриженост, потврди самиот тој преку објава на социјалните мрежи, демантирајќи ги шпекулациите што се појавија доцна синоќа дека доживеал срцев удар и итно бил хоспитализиран.
Препорачано
Поранешниот репрезентативец на Бразил ја искористи можноста јавно да им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал кои се грижат за неговото здравје, истакнувајќи дека станува збор за однапред планиран медицински зафат.
„Сакам да ја разјаснам информацијата што се прошири во јавноста. Неодамна имав хируршка интервенција која беше однапред договорена и успешно извршена. Се наоѓам во болница и се опоравувам, но не доживеав срцев удар, како што се тврдеше.
Секој ден се чувствувам сè подобро и со нетрпение очекувам да се вратам во целосен ритам за да можам да ги исполнувам личните и професионалните обврски. Искрено сум благодарен на целиот медицински тим кој се грижи за мене“, порача 52-годишниот Роберто Карлос.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


