ВИДЕО | Роберт Билбилов со роденденски подарок за публиката – Слушнете ја „Нигде не те наоѓам“

Фото: Промо

„Мугри без нас, слика без глас, чудно е, ти си дел од мене, а пак си празнина…“, се дел од стиховите од новиот музички рефрен на Роберт Билбилов кој го носи името „Нигде не те наоѓам“.

После мала пауза, вчера на својот роденден, Билбилов го промовираше видеото заедно со темата на својот Јутјуб канал. Текстот за „Нигде не те наоѓам“ го потпишува Робин Зимбаков, додека, пак, музиката и аранжманот се на самиот Роберт.

Фото: Промо

„Пандемијата со коронавирус ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студио , па така и се роди „Нигде не те наоѓам“, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката. Премиерата се случи вчера, на мојот роденден и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека „Нигде не те наоѓам“ ќе се најде на вашата плеј музичка листа ова лето“, порача Билбилов.

Кадрите за видеото се снимени на неколки локации, а зад режисерската палка стои „Motion Emotion Film Production“.

Фото: Промо

Во спотот се појавува манекенката Ирина Кузевска, а задолжени за изгледот на актерите – протагности во оваа мала музичка филмска приказна на Билбилов беа Даниел Николовски, Викторија Бурсаќ и модниот дизајнер Мите Занов. Во продолжение слушнете ја „Нигде не те наоѓам“ и доколку ви се допаѓа споделете ја на вашите профили на социјалните мрежи и поддржете ја македонската музика!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот