Рјабков: Москва и Вашингтон не се договорија за екстрадиција на кибер криминалци

Фото: МИА

Русија и САД не постигнаа договор за екстрадиција на граѓани, поврзани со кибер криминал, изјави синоќа заменикот на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

– Не испорачуваме руски државјани. Тоа е јасен став до кој се придржуваме. Што се однесува на екстрадицијата на странски државјани, немаме договор со САД ни за тоа. Нема таква пракса. Прво треба да се позанимаваме со враќање на нашите државјани кои служат казни поради незаконски пресуди, истакна Рјабков, пренесува ТАСС.

Според него, доколку САД „сакале да ја разјаснат ситуацијата” и да беа подготвени за меѓусебно почитување и конструктивност, можел да се користи договорот меѓу Русија и САД за Заедничка помош во кривичната материја, од 1999 година.

– Потребни ни се регулирани барања и регулирани методи за обработка на овие информации, наместо да објавуваме лаги во медиумите што привлекуваат големо внимание, додаде Рјабков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот