Рјабков исклучи средба меѓу Лавров и Блинкен на самитот на ОБСЕ во Скопје

Ентони Блинкен и Сергеј Лавров
Ентони Блинкен и Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Американската страна не побарала средба меѓу рускиот шеф на дилломатијата, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен на маргините на министерскиот Самит на ОБСЕ во Скопје. Ова го изјава заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков и нагласи дека таква средба во Скопје ќе нема, пренесува руската агенција ТАСС.

„Не, таква средба ќе нема. Американската страна не побарала такво нешто“, одговори Рјабков на новинарско прашање.

Претходно и помошникот државен секретар европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан се воздржа од коментари за потенцијален контакт меѓу Блинкен и Лавров во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот