Ристовски: Бошковски не го познавам, прв пат го видов на телевизија

До сега се направени низа од процесни грешки во овој предмет. Истрагата беше затворена без мој исказ, па тоа го сторив по мое барање. Чекам да видам како ОЈО ќе го докаже обвинителниот акт кој се базира на небулози и невистини. Ќе докажам дека во тој период не сум бил на некоја партиска функција, рече во својата одбрана Спиро Ристовски, обвинет во аферата „27 април“.

– Никола Бошковски не го познавам. Прв пат го видов на телевизија. Никогаш со него сум немал никаков контакт. Со Владимир Атанасовски само три пати службено сум комуницирал. Не сум комуницирал со градскиот и другите партиски комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Со сведоци ќе докажам дека наводните пораки споменати во обвинителниот акт и не се испратени од моја страна. Критичниот ден не сум комуницирал со Богдан Илиевски. Не сум знаел што ќе се случи тој ден. Очекувам ослободителна пресуда за мене – изјави Ристовски.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, околу организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот