„Рисовите“ со задача да го освојат Ереван, денеска ќе „навиваме“ и за Исланд

Најдобрите македонски фудбалери ќе играат против Италија во полуфиналето од мундијалскиот бараж/Фото: ФФМ

Денеска од 18.00 часот против Ерменија на гостински терен македонската А репрезентација ќе го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во Ереван брка триумф за да останат во трката за второто место кое води во мундијалскиот бараж.

Моментно во квалификациската група „Ј“ води Германија со 21 бод и има сигурно место на СП, потоа второпласирана е Романија со 13 бодови, еден повеќе од Македонија и Ерменија, на петтата позиција е Исланд со осум, а последен е Лихтенштајн со еден бод.

За нас најдобра комбинација е да победиме против Ерменците, а Романците во Букурешт ремизираат или загубат од Исланд кој исто така има теоретски шанси да биде второпласиран на крајот од квалификацискиот циклус.

Во тој случај, Македонија во последното коло би била во „пол-позиција“ за баражот, на 14 ноември секако би бркале уште една победа над Исланд и доколку тоа се случи, тогаш не би имал никакво значење резултатот од мечот Лихтенштајн – Романија.

Квалификации за СП 2022

Група „Ј“

Денеска, 9. коло, двојки –

18.00 часот Ерменија – Македонија
20.45 часот Романија – Исланд
20.45 часот Германија – Лихтенштајн

Табела:

1. Германија 21 бод
2. Романија 13
3. Македонија 12
4. Ерменија 12
5. Исланд 8
6. Лихтенштајн 1

Барди: Ние играме за второто место, а не за четврто или петто

Милевски: Не се откажуваме, секоја шанса за второто место мора да ја искористиме

ФОТО: Фудбалерите го одработија последниот тренинг во Ереван

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот