Барди: Ние играме за второто место, а не за четврто или петто

Енис Барди постигна четири голови во квалификациите за СП 2022/ фото: ФФМ

Стандардниот член на македонската фудбалска репрезентација, Енис Берди, смета дека тој и неговите соиграчи на утрешниот натпревар против Ерменија во претпоследното коло од квалификациите за СП 2022 година, мора заедно да се борат како тим за да дојдат до победата.

Иако фановите очекуваат големи работи од репрезентацијата, фудбалерот на Леванте вели дека мора да се оди чекор по чекор.

– Мислам дека по ЕП сите очекуваат повторно нешто големо да направиме, но мислам дека треба да одиме меч по меч. Со новиот селектор се знаеме долго време, но и ние имаме нови играчи и треба да бидеме трпеливи. Секој натпревар ни носи нешто добро. Нема ништо негативно или лошо. Македонија покажа доста во овие квалификации.

Сега играме за да бидеме втори, а не за четврто или петто место. Сите сме свесни што не чека во овие два меча, и ќе мораме да дадеме се од себе, да победиме, и се надеваме дека тоа ќе биде доволно за тоа второ место. Се концентрираме на нашата работа, на нашата игра, и важно е ние како ќе одиграме. Сметам дека детали ќе одлучуваат за победникот. Најважно е добро да се подготвиме за овој натпревар. Овој меч е многу важен за нас, исто и за нив, и ќе треба да излеземе на терен и да бидеме како тим, заедно како никогаш досега, и да победиме  – изјави Барди на денешната прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот