Рис Витерспун повторно пред олтар? Блиски извори откриваат што навистина планира актерката
Актерката Рис Витерспун наводно не размислува повторно да стапи во брак, иако е во нова врска, пишува „Ин стајл“.
Препорачано
Ѕвездата од серијата „Големи мали лаги“ (Big Little Lies) од 2024 година е во врска со германскиот финансиер Оливер Харман, а извор близок до актерката открил дека нивната врска „се одвива одлично“.
„Сè оди добро, но таа е многу приватна кога станува збор за љубовниот живот. Сака партнер, но не бара повторно брак“, изјавил изворот.
Според истиот извор, Витерспун ужива во врската и често патува меѓу Нешвил и Њујорк за да го гледа Харман, кој веќе поминува време и со нејзините деца.
„Ѝ се допаѓа тоа што тој е бизнисмен и нема врска со Холивуд“, додава изворот.

Витерспун претходно беше во брак со агентот Џим Тот од 2011 до 2023 година, со кого го има синот Тенеси. Пред тоа беше во брак и со актерот Рајан Филипе, со кого има две деца – Дикон и Ава.
Во едно интервју во 2023 година, актерката зборуваше за искуството со разводот и за тоа колку ѝ е важно сама да ја раскаже својата приказна.
„Сега имам можност директно да им се обратам на луѓето и да споделам што навистина се случува во мојот живот, со мојот глас“, изјави таа.


