ВИДЕО | Римпопов: Сигурно 3% од Бугарите знаат кој е Ванчо Михајлов, решение за спорот со С Македонија нема да дојде брзо

Христо Римпопов од Клуб Зет
Христо Римпопов, новинар од Клуб Зет / Утрински брифинг

Еврокомесарот за поширување Оливер Вархеји и министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ќе одат во Софија на регионална средба која меѓу другото е посветена на евроинтегративните процеси. За расположението во Бугарија околу нашите евроитеграции кои зависат од кревањето на бугарското вет, во Утрински брифинг разговаравме со новинарот Христо Римпопов од Клуб Зет.

-Преговорите на Македонија со Бугарија во моментов не е важен проблем споредено со проблемот на испраќањето помош за Украина. Владата е на праг да се распадне за нешто што е многу повеќе поддржано од општеството, а тоа испраќање на воена помош на Украина, а вие очекувате да има напредок во преговорите. Премиерот Кирил Петков, како човек, можеби е за поддршка на вашите евроинтеграции, но за тоа му треба општествена поддршка и поддршка од парламентот, а тоа го нема. Се крева многу врева за нешто што нема да се случи – кревање на ветото, вели Ромпопов.

Тој додава дека премногу се преувеличува влијанието на Брисел за овие прашања, како и дека Македонија и Бугарија се многу слични, сиромашни држави, за кои историјата има големо значење оти тоа е прашање на идентитетот.

-Две од партиите во бугарската владина коалиција се против присоединување на Македонија во ЕУ. Петков не е многу оптимист. Нему сега му е важно да ја одржи владата. А Владата тешко дека ќе остане уште долго и ќе има предвремени избори. Треба нешто многу да се промени за да се случи чудо, вели Римпопов.

Тој пренесува дека многу луѓе се разочарани од оваа влада на Бугарија и дека нејзината довербата опаѓа. Односот кон Украина е само последната капка.

-Претседателката на собраниската комисија за надворешни работи посетата на украинскиот министер за надворешни работи Кулеба ја оцени како протоколарна. Во врска со испраќањето воена помош, Бугарија по некои канали веќе го прави тоа, но коалициониот партнер БСП е против. ГЕРБ е единствената партија која јавно се залага за тоа и веројатно ќе ѝ се крене рејтингот. Луѓето се гневни на изјавата да одвојат една плата за помош на Украина наместо да пишуваат статуси на Фејсбук, пренесува Римпопов.

Римпопов за Утрински брифинг вели дека ако ги прашате Бугарите, само некои 3 отсто знаат за Ванчо Михајлов, а тој период не е посебно истражен и не се изучува во училиштата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот