Риека за Велковски: Ретко ќе одигра добро како за репрезентацијата

За првиот човек на ФК Риека, Дарко Велковски е големо разочарување/Фото: ФФМ

Претседателот на хрватскиот фудбалски клуб, Дамир Мишковиќ за „Канал Ри“ истакна дека еден играч на Риека, воедно и репрезентативец, игра далеку под очекувањата.

– Бев убеден дека кога го имате македонскиот репрезентативец Дарко Велковски во тимот, дефанзивец кој игра извонредно за репрезентацијата, тогаш го решивте тој проблем во одбраната.

Но, Велковски има големи осцилации во клубот и ретко игра добро како и за репрезентацијата. Тој е големо разочарување за мене – рече Мишковиќ.

Моментно во најсилната хрватска лига Риека е на првото место на табелата со 20 бодови, колку што има и второпласираниот Осиек, со напомена дека екипата на Горан Томиќ има еден меч помалку, а два помалку Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски на третата позиција со 19 бодови.

Велковски ја игра четвртата сезона во редовите на Риека, во тековната сезона досега има шест настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот