РФМ ја прифати жалбата на Алкалоид – суспендирани судиите од дербито со Охрид
Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија по одржаниот состанок донесе одлуки за санкции врз основа на извештаите од второто коло во плејофот од Суперлигата.
Препорачано
Најголемо внимание привлече казната за судиската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои се суспендирани на период од еден месец поради нивното судење на натпреварот меѓу Охрид и Алкалоид, кој заврши без победник (27-27). По средбата, скопскиот клуб поднесе официјална жалба до федерацијата, која била прифатена.
„Дисциплинската комисија на РФМ на службените лица Даниело Божиновски и Виктор Начевски (судии) утврди дисциплинска санкција-забрана за вршење на функција во временски период од 30 (триесет) дена, според Кодексот со неговите основни начела, член 1 и согласно член 23, кој е во корелација со член 16 од ДП на РФМ“, стои во соопштението.
Покрај оваа одлука, дисциплинската комисија изрече и парични казни за претставници на двата клуба. Така, Горан Минов од управата на Алкалоид ќе треба да плати 40.000 денари, додека Славчо Ристески од ГРК Охрид е санкциониран со 25.000 денари.
Алкалоид: Судењето во Охрид беше скандалозно, поднесовме жалба до РФМ


