Режисерот Оливер Стоун за убиството на Кенеди: „Трамп можеше да ја открие вистината, но му се закани ЦИА“

оливер стоун џон и џеки кенеди
ФОТО: Профимедиа

Режисерот, претставувајќи го новиот филм, во разговорот со „Холивуд репортер“ зборувал за тоа зошто Трамп се откажал од потписот, за писмото на Џеки Кенеди…

Познатиот режисер, двократен оскаровец Оливер Стоун, со филмот „ЏФК“ со тезата дека американскиот претседател во 1963 година бил убиен во организиран обид за државен удар пред три децении, отвори контроверзии, што, меѓу другото, го принудило и американскиот Конгрес да донесе декрет за објавување на документите за атентатот најдоцна до 2017 година.

Меѓутоа, ден пред крајниот рок за тоа, тогашниот претседател Доналд Трамп одлучил да не стави потпис на тоа. Стоун сега снимил и документарец „Повторно за ЏФК: Од другата страна на огледалото“.

Презентирајќи го новиот филм, Стоун од станот во Лос Анџелес преку Зум зборувал со новинарката на „Холивуд репортер“, Татјана Сигел, за мотивите да се сними документарец со дополнителен материјал, за тоа зошто Трамп се откажал од потписот, за писмото на Џеки Кенеди и средбите со синот на убиениот претседател…

„Ова го започнавме пред две-три години и имаше многу детали што беа пронајдени, а не беа пријавени. Има една црна дупка во сеќавањата за Кенеди. И јас сакав, пред да го напуштам овој свет, да откријам сè што знам за тоа. Не можев во документарецот да склопам сè што знам, но можев да внесам многу факти што се појавија по филмот во 1991 година, како и да потврдам некои од него, бидејќи беше напаѓан од сите страни. Важно ми е, и на совеста ми е, на луѓето што се грижат за тоа, да им го предочам. Тоа го мотивира документарецот. Документите се објавени. Не сите. Трамп требаше да го потпише објавувањето во 2017 година. И се повлече 12 часа пред тоа“ вели Стоун, убеден дека многу документи не ѝ се предочени на јавноста и дека се можеби уништени.

џон кенеди џеки кенеди оливер стоун атентат
ФОТО: Профимедиа

На прашањето зошто Трамп се откажал од потпишување за објавувањето на документите, режисерот рекол дека тоа се случувало и во други случаи кога пред безбедносните служби биле поставувани предизвици.

„Кој воопшто знае што мислел Трамп. Тој е мистериозен човек. Сигурен сум дека бил под некаков притисок. И тогаш дошле и му рекле: „Не можеме да го сториме тоа од безбедносни причини“. Тој се повлекувал и од други работи, секогаш кога ќе поставевме предизвик пред разузнавачките агенции. Се сеќавате на изјавата на сенаторот Чак Шамер? „Трамп, не се зафркавај со ЦИА, во спротивно ќе те уништат“, рекол Стоун.

Режисерот посочува дека е важно помладите генерации да откријат што се случило бидејќи „се чини дека земјата талка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Asatur Yesayants (@asaturjan)

На прашањето дали сега имал поголема слобода, кога Џеки Кенеди повеќе не е жива и нема страв од нејзините забелешки за снимката на атентатот, режисерот одговорил негативно.

„Никогаш не слушнавме што има да каже Џеки Кенеди за тоа. Ми напиша прекрасно писмо за „Вод на смртта“. Ѝ се допадна „Вод на смртта“ и сметаше дека тоа е ремек-дело, нешто како општоамериканско добро. И ми рече да ја посетам ако некогаш посакам да напишам книга“, рекол тој, пренесува „Хедлајнер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот