Режисерката Тамара Котевска доби награда за придонес во документаристиката

Тамара Котевска во Истанбул

Македонската режисерка Тамара Котевска доби награда за придонес во документаристиката, односно за „оставање трајни вредности“ на „ТРТ Интернационални документарни награди“, што се одржаа во Истанбул.

Котевска истакнува дека оваа награда особено ѝ значи, затоа што доаѓа од филмска институција што ја поддржува филмската индустрија, а го препозна и квалитетот на документарниот филм „Медена земја“, со кој Тамара Котевска заедно со екипата во која беа и корежисерот Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума и монтажерот и продуцент Атанас Георгиев стигна до две номинации за Оскар.

– Толку прекрасно изненадување од „ТРТ Интернационални документарни награди“! Ви благодарам за оваа награда затоа што оставивте вредни траги во документарните филмови. Особено ми значи нашата долга соработка што продолжува. ТРТ беше првата филмска институција која ѝ додели награда на „Медена земја“ за „work in progress“ на Сараевскиот филмски фестивал во 2017 година. Тие беа првите што ја препознаа нашата работа во многу рана фаза кога поддршката беше клучна за снимањето на филмот. Тие го поддржаа и мојот прв долгометражен филм „Човек против јато“ (во предпродукција). Се надевам дека ТРТ ќе продолжи да прави неверојатна работа поддржувајќи ги филмаџиите ширум светот – вие навистина правите разлика! Возбудена сум за нашите идни соработки – истакнува режисерката Тамара Котевска.

Во овој период Тамара Котевска е актуелна со нејзиниот долгометражен документарен филм „Пaтување пеш“, чија светска премиера се одржа на 9 ноември на најголемиот фестивал за документарни филмови во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот