Револуционерен изум на научниците: Направен „фластер“ за третман на дискус хернија

Фото: Пекселс/karolina-grabowska

Нов биолошки „фластер“ кој се активира со природни движења би можел да биде клучот за лекување на дискус хернија, објавија истражувачите од Медицинскиот факултет Перелман на Универзитетот во Пенсилванија и медицинскиот центар ЦМЦ ВА (CMC VA), пишува „Еурекалерт“ (EurekAlert).

Комбинирајќи ја долгогодишната работа на различни проекти, развиена е „лепенка за обновување активирана со тензија“ (TARP), која води до контролирано ослободување на антиинфламаторната молекула наречена анакинра од микрокапсулите со текот на времето. Ова им помага на пршлените кај големите животински модели да ја вратат тензијата потребна за обратна хернија и да се спречи понатамошна дегенерација.

Ова истражување беше објавено во списанието „Science Translational Medicine“.

– Во моментов не постои третман кој лекува дискус хернија, а најдобрата опција што постои е да се стави „гумен чеп во дупката на гумата“. Тој ќе остане таму некое време, но нема добро да држи. Лепенката што ја развивме е како чеп, но со лепак. Таа всушност споува сè. Бидејќи биомеханичките движења го активираат фластерот и го прават поцврст, тоа е како да закрпите гума и таа станува поцврсто колку подолго ја користите – рече д-р Роберт Мак, професор по ортопедска хирургија и директор на лабораторијата за ортопедска хирургија Меккеј на Универзитетот во Пенсилванија и координатор на Транслациониот мускулно-скелетен истражувачки центар (Translational Musculoskeletal of the skeletal Research Center) во CMCVAMC.

Дискус хернија се јавува кога еден од помеките интервертебрални дискови помеѓу пршлените ќе развие кинење или дупка и меката внатрешност успева да истече надвор, велат истражувачите. Како резултат на тоа, дисковите ја губат тензијата и не можат да го намалат притисокот врз пршлените, што доведува до болка.

Затоа истражувачите ја развија „лепенката за обновување активирана со тензија“ TARP како помошно средство кое не само што ја „пополнува дупката“, туку овозможува враќање на тензијата.

– Дискот е многу сложено ткиво, различно од мускулите и кожата бидејќи не може да зарасне. Всушност, тој само продолжува да се деградира со текот на времето кога е компромитиран. Смисливме начин да го вратиме механичкиот интегритет на дискот, а истовремено да го намалиме воспалението за да спречиме понатамошно оштетување на ткивото – изјави д-р Ана Передо, која учествуваше во студијата за време на нејзините докторски студии на Факултетот за инженерство и применети науки на Универзитетот во Пенсилванија.

Тимот на ова работи 15 години, се наведува во соопштението, а сега се очекува да биде тестиран на неколку животински модели за да може да се тестира и на луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот