Foto: Profimedia

„Рено“ и „џип“ се судрија на патот Кичево–Охрид: Повредени се седуммина, едно е дете

Кај кичевското селото Подвис пред полноќ се случи тешка сообраќајна незгода во која седуммина се повредени.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, во 23:17 часот, на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на кичевското село Подвис, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила.

Во незгодата учествувале патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (51) од Прилеп, и патничко возило „џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У. (33) од кичевското село Зајас.

Како последица на судирот, повредени се двајцата возачи, како и сопатниците од возилото „рено“ – О.А. (47) и М.Г. (55), двете од Прилеп, како и сопатниците од возилото „џип“ – Б.Ф. (45), Ј.Ч. (31) и едно шестгодишно малолетно лице, сите од селото Зајас.

Сите повредени лица биле пренесени во Општата болница во Кичево, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот