Рено го најави електричното Твинго

Електрично Рено Твинго / Фото Твитер

Рено најави дека наскоро ќе го лансира новото електрично Твинго по цена до 20.000 евра, без субвенции, придружувајќи му се на уште еден француски производител, Цитроен, во трката за пазарот на електрични автомобили.

Малото градско возило ќе се најде на пазарот во Европа во 2026 година. Рено ја објави новината еден месец откако Цитроен го објави своето електрично возило е-Ц3 по цена од 23.300 евра и вети верзија за 19.990 евра на почетокот на 2025 година.

Рено го претстави и првиот прототип на новото Твинго. Со тркалезни фарови и заоблен заден дел, наликува на линиите на моделот лансиран во 1993 година, кој оттогаш е продаден во повеќе од 2,5 милиони примероци.

Новиот електричен Твинго треба да биде готов за помалку од три години. Електричниот Твинго би требало да испушта 75 отсто помалку ЦО2 во својот животен циклус во споредба со просекот на сегашните возила.

Новото Твинго ќе се произведува во Европа, но не во Франција, туку во словенечкото Нови Место, каде што се склопуваат и денешните модели на Твинго. Ампере, новата подружница на Рено, до 2031 година ќе претстави седум модели: електрични Меган, Сценик, Р5 и Р4, Твинго и два дополнителни модели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот