Рекорден број на починати од Ковид-19 во Москва и Санкт Петербург

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Руските власти објавија дека Москва и Санкт Петербург, двата града во кои се шири делта варијантата, имаа рекорден број на починати од Ковид-19 во еден ден, пренесува ХИНА.

Според службените податоци, рускиот главен град имал 124, а вторион најголем град во земјата имал 110 починати, со што овој викенд е срушен рекордот. Во цела Русија дневниот број на новозаразени е 21.650 илјади, а од почетокот на пандемијата е 5.4 милиони. Во последниве 24 часа имаат починато 611 луѓе, со што вкупниот број на починати во земјата е 133.893 илјади луѓе.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека секој ден во тој град се хоспитализираат 2 илјади луѓе со што е пополнето 75 % од достапните болнички кревети.

Санкт Петербург во петок ќе биде домаќин на четврт-финалето на Европското првенство во фудбал.

Во Русија продолжува масовното вакцинирање на луѓето, каде од 146 милиони Руси, најмалку една доза имаат примено 21.8 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот