Фото: Град Скопје

Реконструирана пешачката патека на булеварот Гоце Делчев

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираа пешачката и велопатека по должината на булеварот Гоце Делчев, на потегот од Стоковната куќа „Мост“ до триаголникот кај мостот „Гоце Делчев“, од страната на катната гаража, информираат од Град Скопје.

-Пешачката и велопатека се реконструираше по налог на Град Скопје и е асфалтирана на вкупна површина од 1.800 квадратни метри, во која што површина се вклучени и два пешачки острови. Во текот на градежните работи на овој потег беа отстранети оштетените бекатон плочки и раскршениот асфалт, беше поставен тампонски слој и рабници, беше реконструирана и нивелирана една шахта и беше нанесена нова асфалтна маса. Во наредниот период ќе се работи на обнова на пешачката и велосипедска патека по должината на булеварот Гоце Делчев и од страната на Кале – објаснуваат од Град Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот