Реката Пчиња се излеа: Нивото критично кај мостот на Драгоманце, кај Коинце и кај Пелинце

Фото: mia.mk

Реката Пчиња се излеа на просторот околу Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, информираа денеска повеќе надлежни институции, чии екипи се излезени на терен, водостопанство „Кумановско-липковско поле”, РЦУК Куманово и општина Старо Нагоричане.

Вода има на просторот, но не се зафатени ниту објектот на меморијалниот центар, ниту пак ресторанот со кој стопанисува „Чистота и Зеленило”.

– Наши вработени нè информираа дека има излевање на Пчиња на просторот, но водата не е навлезена во меморијалниот центар АСНОМ. Поучени од претходното искуство, подготвени сме имаме обезбедено вреќи со песок и ќе интервенираме доколку има потреба, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.

Од РЦУК Куманово и од Водостопанство „Кумановско-липковско поле” велат дека водата не навлегла во ресторанот кој е под надлежноста на „Чистота и Зеленило”.

Градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска изјави дека екипите вршат увид на мостовите по течението на Пчиња во оваа општина.

– Во моментот нивото на Пчиња е високо и правиме увид дали има препречени, дрвја, гранки на одрдени локации и дали ќе има потреба од интервенција, изјави Јовановска.

Екипи на Водостопанство „Кумановско липковско поле” работат на бедем на патот за Бељаковце Куманово. Сепак, оттаму укажуваат дека нивото на Пчиња е критично на мостот кај Драгоманце, кај Коинце, кај Пелинце.

Во кумановско, пак, водостопанство интервенира со механизација кај селото Пчиња. Во неделата се излеаја Крива река и Пчиња на неколку критични точки, зафаќајќи обработливо земјиште, викенд куќи, помошни простории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот