Сметка за струја / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Регулаторната комисија му наложи на „ЕВН хоум“ да ги коригира сметките: Оштетените граѓани да поднесат приговори

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), информира дека согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8, го задолжила универзалниот снабдувач, „ЕВН хоум“, да ги коригира последните сметки.

Ова се случува откако голем број корисници се пожалија дека добиле огромни сметки за струја, кои во дел од случаите биле колку една просечна плата во државата.

„За сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат првпат фактурирана потрошувачка во четвртиот блок, „ЕВН хоум“ е должен да ги коригира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди. Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура), според РКЕ, имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“, велат од Регулаторната комисија.

– Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ, одговорот од ЕВН ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат. Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на [email protected] и [email protected], појаснуваат од РКЕ и додаваат дека против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор.

Од 1 јануари, цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %). Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, се подвлекува во соопштението, ги повикува политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.

Граѓани добиле сметки за струја колку една просечна плата?!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот