Фото: Принтскрин

Регрутацијата чука на врата: Хрватска ги испрати првите покани до момчињата родени 2007 година

Министерството за одбрана на Хрватска денес ги испрати првите покани за задолжителни здравствени прегледи до млади мажи родени во 2007 година, државјани на Хрватска и со живеалиште во таа земја, што е прв чекор во спроведувањето на постапката за основна воена обука, објави ХРТ.

Поканите се испраќаат по пошта и може да се очекуваат на адреси во рок од седум дена. За да се пополни првата генерација резервисти, испратени се околу 1.200 покани за здравствени прегледи, кои беа планирани за втората половина на јануари.

Регрутите кои се оценети како способни за воена служба ќе бидат испратени на основна воена обука или можат, во согласност со Законот за одбрана, да изразат приговор на совеста и да извршат цивилна служба.

Законот ги пропишува случаите во кои може да се оствари правото на одложување на воената обука, на пример, за студенти и за спортисти.

Регрутите ќе добијат покани за воена обука во текот на февруари следната година, а се очекува обуката да започне на почетокот на март во касарните во Книн, Слуњ и Пожега. Во првата генерација, планирани се до 800 регрути за овие три воени касарни.

Основната воена обука трае два месеци и вклучува основни воени вештини, ракување со лично оружје и модерна опрема, вклучувајќи:

За време на обуката, војниците го остваруваат правото на месечен надоместок во износ од околу 1.100 евра нето, а времето поминато на обуката ќе биде вклучено во стажот, пренесува ХРТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот