Регистриран првиот случај на коронавирус во Северна Кореја

Ова е првпат од почетокот на глобалната пандемија Северна Кореја да пријави дека постои коронавирус на нејзината територија.

Во севернокорејскиот град Кесонг е прогласен целосен карантин откако едно лице за кое се сомнева дека е заразено со коронавирус нелегално ја минало границата, изјави лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.

Ова е првпат од почетокот на глобалната пандемија Северна Кореја да пријави дека постои коронавирус на нејзината територија.

Ким Џонг-ун свикал анти-епидемиолошки состанок за да „преземе превентивна мерка за целосно блокирање на градот Кесонг и изолирање од 24 јули на секоја одделна област од другите”, наведува државната агенција КЦНА.

Властите ќе се обидат да ги следат сите контакти на заболениот од Ковид-19 во последните пет дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот