РЕГИОНОТ ВО ШОК! Ѓукановиќ планира да му отстапи дел од црногорската територија на Косово? – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеРегион

РЕГИОНОТ ВО ШОК! Ѓукановиќ планира да му отстапи дел од црногорската територија на Косово?

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај барал ревизија на Законот за ратификација на договорот со Црна Гора за демаркација на границите.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ги примил акредитациите од новиот косовски амбасадор во Подгорице Илбер Хисе.

Ѓукановиќ за време на разговорот го истакнал „напредокот“ во односите, унапредувањет на соработката и зајакнувањето на меѓусебната доверба преку заеднички стратешки цели и интереси, како и решавање на прашањето на меѓудржавните граници, стои во соопштението на кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Џукановиќ изразил подготвеност за тоа Црна Гора своето искуство во процесот на европската интеграција да го сподели со Косово.

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај барал ревизија на Законот за ратификација на договорот со Црна Гора за демаркација на границите.

Тој договор е заклучен меѓу Приштина и Подгорица во 2015 година, со што е овозможено Косово да добие договор за приклучување во ЕУ, но и ветување за безвизен режим.

Харадинај тврди дека во тој договор е оставен простор за ревизија на границите, но Црна Гора досега тврдеше дека е се завршено уште пред четири години, како и дека никаква ревизија не доаѓа во предвид.

Поради тоа, се наметнува прашањето зошто од кабинетот на Ѓукановиќ зборуваат за решавањето на прашањето за меѓудржавните граници, па како можност се претпоставува подготвеноста на Црна Гора да му отстапи дел од својата територија на Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close