РЕДИЦИ И ГУЖВИ: Пензионерите тргнаа по пензии, граѓаните збеснати, банките си свиркаат (ФОТО)

Без да го запазат редот и оддалеченоста од најмалку еден метар, буквално еден до друг, пензионерите чекаат да излезе една група од банкарската филијала, за да може некој од нив да влезе.

Неколку стотина граѓани од Скопје, но и од другите градови во земјава, денеска, без да ги запазат владините и здравствените препораки и правила се „тепаат“ кој прв да влезе во некоја од банките за да подигнат пензија и да платат сметки. Без да го запазат редот и оддалеченоста од најмалку еден метар, буквално еден до друг, пензионерите чекаат да излезе една група од банкарската филијала, за да може некој од нив да влезе.

Ваквите фотографии среде епидемија од коронавирусот само ги вжешти социјалните мрежи. Граѓаните, како што може да се прочита во некој од нивните коментари, се револтирани од неажурноста на банкарските институции кои немаат ангажирано редарски служби за да ги намалат гужвите пред филијалите. Според кажувањата на граѓаните, банките работат со по еден шалтер, поради што и се прават долги редици. Според други, пак, виновна е полицијата која не може да направи ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот