Речиси 200 илјади млади луѓе во Србија се невидливи за системот и немаат работа

Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Во Србија има од 150 до 200 илјади млади луѓе на возраст од 15 до 30 години кои се невидливи за системот, не се вработени, не се во ниту една од образовните програми и припаѓаат на таканаречената НИТ (НЕЕТ) категорија.

Ова го рече проект менаџерот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Метју Пено, на презентацијата на годишниот извештај за политичкото, економското и социјалното учество на младите во 2022 година, објави Бета.

Тој додаде дека во последниот истражувачки извештај, акцентот на истражувањето бил ставен на економската вклученост на младите и дека моментално невработеноста кај оние кои се видливи и се во системот, односно кои бараат работа преку Националната Агенцијата за вработување, изнесува 24 отсто.

unsplash

„Таа бројка е намалена на половина во последните 10 до 15 години“, рече Пено.

Тој посочи дека проблем се оние категории кои се невидливи, не само во Србија, туку и во целиот регион на Западен Балкан, така што тој процент е многу поголем.

Пено истакна дека во соработка со институциите на системот, а пред се со Владата и Министерството за туризам и млади, ЕУ финансиски ќе ја поддржи реализацијата на пилот проектот „Гаранција за млади“ во 20 локални самоуправи чија цел е да обезбеди оние помлади од 30 години со продолжување на образованието или наоѓање работа.

Инаку, „Индексот на младинско учество“ е создаден во соработка со 68 организации кои ја сочинуваат мрежата на Младинскиот центар на Западен Балкан и Турција, која во Србија е координирана од Фондацијата Ана и Владе Дивац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот