Села: Граѓаните преку својот глас одлучуваат кој ќе ги претставува во Собранието

Зијадин Села - собрание на Алијанса на Албанците /Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Порака за масовна излезеност да гласаат граѓаните упати денеска претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села и носител на листа на Изборната единица 5 како дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, по остварувањето на неговото гласачко право во основното училиште во струшкото село Ливада.

Села, кој гласаше само за парламентарните избори, но не и за листата за претседател, посочи дека граѓаните преку својот глас одлучуваат кој ќе ги претставува во Собранието.

– Да гласав, го искористив моето право како граѓанин. Ги повикувам сите граѓани да излезат масовно да гласат да го искористат нивното право, бидејќи тоа е суштината на демократијата, граѓаните преку својот глас да одлучуваат кој ќе ги претставува во Собранието. Да изберат која е политичката програма и платформа каде што тие се наоѓаат и тие да одлучат кој ќе ги претставува утре во власта, а не некој друг да одлучи на нивно место. Затоа ги повикувам да излезат масовно на гласање, изјави Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот