Очајнички бара келнер: Нуди 300 евра на секој што ќе му најде работник

Приказната за сопственикот на едно кафуле во центарот на Аоста, мало гратче во северозападниот дел на Италија, во близина на границата со Франција и Швајцарија, ја илустрира моменталната состојба на пазарот на труд во овој дел од Европа. Соочен со недостиг од работници, сопственикот се огласил и му понудил ваучер од 300 евра на секој што ќе успее да му најде лице кое ќе биде ангажирано во неговиот локал.

„Искрено, не знам повеќе како да најдам вработени. Објавувавме огласи, направивме бројни инвестиции на специјализирани веб-страници и социјални мрежи, но во моментов добивме само еден одговор“, вели Лука Тентони, сопственик на бистрото, пренесува Република.

Тој вели дека му е јасно дека ситуацијата е таква речиси секаде, што се гледа од дијалогот со колегите, но сега е многу тешко да се најде работник.

„Сè почна да се менува од октомври 2023 година. Еден човек замина во Швајцарија, други решија да си го сменат животот и затоа моравме да го намалиме бројот на работни часови неделно. По Ковид имавме раст од 25 проценти, а сега сме на минус 50 проценти“, објаснува сопственикот на локалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот