Рецепт за мусака со брокула и сирење, богато залеана со бешамел

мусака
Мусака/Фото: Профимедиа

Муската во Македонија често се подготвува со мелено месо и компири, а потоа се прелива со јајца и павлака. Денес има многу различни рецепти за ова јадење, а ние ви го пренесуваме најдобриот. Направете мусака без месо, но исто толку вкусна како и онаа со месо. Комбинацијата од компири, брокула и два вида сирење е едноставно совршена и никој нема да одбие парче.

Состојки:

– 1 брокула
– 500 г компири
– 40 г пармезан
– 55 г путер
– 50 г брашно
– 500 мл млеко
– 1/2 лажичка морско оревче
– моцарела или друго тврдо сирење

Подготовка:

Брокулата исечкајте ја на цветчиња, а потоа кратко бланширајте во зовриена вода. Исечете ги компирите на прстени, па варете ги околу 10-15 минути.

Направете го бешамел сосот. Во тенџере растопете го путерот, па додадете го брашното. Пржете со постојано мешање, додека не добие боја. Потоа, сипете го млекото и цело време мешајте за убаво да се соединат состојките. Зачинете со сол, бибер и посипете со морско оревче. Гответе додека сосот малку не се згусне, постојано мешајќи. Тргнете од шпоретот и додадете го пармезанот, па промешајте.

Тепсијата намачкајте ја со масло, а намачкајте ги и рабовите. Прелијте со бешамел сос да го покрие дното, па наредете ги компирите. Повторно покријте со бешамел, па посипете со рендана моцарела или некое друго тврдо сирење. Наредете ја брокулата и повторно прелијте го сосот, па посипете со сирење. Потоа наредете ги компирите, па прелијте го сосот и посипете го сирењето. Потоа наредете ја брокулата и повторно прелијте со бешамел сосот и посипете со сирење. Печете ја мусаката во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот