Рецепт за мамурен ден: Брзи шпагети со колбаси што ќе ве оживеат по долга ноќ

Фото: Pexels

Без разлика дали сте мамурни или сакате да јадете нешто брзо и вкусно без да потрошите премногу време во кујната, тестенините со колбаси и лута пиперка можат да бидат одговор на вашите желби. Наместо пиперка, ќе ви помогне и една лажичка чили во прав, а ако сакате, тестенините можете да ги посипете и со рендано сирење.

Состојки:

– 2 пара колбаси за печење
– 1 голем кромид
– 2 чешниња лук
– 1 лажичка чили во прав или 1 лута пиперка
– 400 грама домати пелат во конзерва
– 300 грама тестенини

Подготовка:

Загрејте ја водата за тестенините, па кога ќе зоврие, додајте ги тестенините и варете онолку колку што е наведено на пакувањето.

Колбасите исечкајте ги на покрупни кругови и пропржете ги од сите страни и додајте ги исечканиот кромид и изгмечениот лук.

Кога кромидот и лукот ќе омекнат, измешајте ги чилито или лутата пиперка (исчистена и исечкана), па сипете ги пелатите. Откако ќе зоврие сосот, варете го уште десетина минути да се згусне, па додајте ги исцедените тестенини. По желба посипете со сирење и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот