Рецепт за мафини од брокула полнети со фета-сирење и јајца

Фото: Wikimedia Commons

Мафините се одлично решение кога сакате појадок кој лесно се подготвува и кој на сите ќе им се допадне. Покрај познатите слатки верзии, ве предлагаме да ги пробате и солените мафини. Овој рецепт ќе им се допадне дури и на пребирливите луѓе, а комбинацијата од разновиден зеленчук, фета-сирење, пармезан и варени јајца е едноставно совршена.

Состојки:

– 4 јајца
– 1 брокула
– 1 лажица јаболков оцет
– 1/2 кромид
– 1/2 морков
– 1 пиперка
– 60 грама фета-сирење
– 1 лажичка италијански зачин
– 60 грама пармезан

Подготовка:

Брокулата исечкајте ја на помали цветчиња, па ставете во длабок сад со вода во која сте додале оцет. Оставете го така 10 минути. Потоа, брокулата изрендајте ја и измешајте ја со две јајца, па посолете и побиберете. Промешајте да се соединат состојките, а потоа добиената смеса сипете ја во подмачканиот калап за мафини. Притиснете по дното и работ.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме, сварете ги преостанатите две јајца, а на малку масло во тава пропржете ги ситно исечканите кромид и морков. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете ја и ситно сечканата пиперка. Готовиот зеленчук ставете го во сад и додадете ги ситно сечканите варени јајца и издробеното фета-сирење. Посипете со италијанскиот зачин и сè добро соединете.

Наполнете ги мафините од брокула и посипете со пармезан. Вратете ги во рерна и печете уште 15 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот