Рецепт за домашни њоки во болоњезе сос, се топат во уста

Фото: Unsplash

Кога зборуваме за овој рецепт, тука нема многу работа, како што изгледа. Се варат компирите, се пасираат, се додава брашното, жолчките, малку сол и се формира тесто…

Состојки:

За њоките:

– 0,5 кг излупен бел компир

– 120-150 грама брашно, плус за работната површина

– жолчка

– прстофат сол

За сосот:

– лажица маслиново масло

– кромид

– црвена пиперка

– чешне лук

– 400 грама домати пелати

– една лажичка сушен или грст свеж босилек

– 125 грама моцарела

Подготовка:

Компирите сварете ги во посолена вода, изгмечете ги, додадете прстофат сол, една жолчка и постепено додавајте го брашното, постојано мешајќи и месејќи го. Формираното тесто поделете го на четири дела, па секој дел свиткајте го во лента со дебелина од околу 1,5 см, тркалајќи го со дланките на работната површина. Добиените ленти исечете ги на њоки долги околу 2 см. Ако сакате, притиснете ја секоја њока на ребреста површина или со вилушка, или оставете ги мазни. Ставете ги во многу зовриена вода и веднаш штом испливаат извадете ги со рерна лажица. За сосот, пропржете ги сечканиот кромид и ситно сечканата пиперка пет минути. Додадете го искршениот лук, пропржете една минута, па додајте ги доматите и зачинете. Гответе околу 10 минути и повремено мешајте. Додадете ги сварените њоки, босилекот и префрлете ги во голем огноотпорен сад. Посипете ги њоките со распарчена моцарела и печете до десет минути, додека моцарелата не добие меурчиња и златна боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот