Рецепт за домашен француски багет: Крцкав однадвор, мек однатре

Багет/ Фото Jaroslav Kvíz / Ifood SM / Profimedia

Доколку сте љубители на овој вид француски леб, уживајте во крцкавата кора и обликот на долгнавестата векна!

Состојки:

– 500 грама мазно брашно

– 370 мл млака вода

– 1 лажичка сув квасец

– 1 лажичка сол

Подготовка:

Сувите состојки измешајте ги во сад, па постепено додавајте ја водата за да се замеси тестото. Кога тестото ќе стане компактно, оставете го во сад да нарасне на топло место околу 45 минути. Покријте го садот со памучна крпа или со фолија.

По 45 минути, тестото префрлете го на работната површина и со влажни раце кратко месете го, па обликувајте го во јуфка и повторно оставете го да нарасне околу 45 минути. И овој пат покријте го со крпа.

Истата постапка повторете ја на работната површина трипати. Откако трипати ќе го замесите тестото, поделете го на четири дела. Секој дел од тестото нежно обликувајте го во јуфка, покријте сè и оставете уште 15 минути тестото да „одмори“.

Нежно истегнете го со прстите на површината во форма на правоаголник и свиткајте го во ролна до саканата должина. Секој багет префрлете го во плех и оставете да нарасне околу половина час пред да ги ставите во рерна. Пред да ги испечете багетите, засечете ги малку дијагонално (накосо).

Во рерна загреана на 250 степени ставете ја и тепсијата до половина наполнета со вода, па кога водата ќе почне да врие, ставете ја тепсијата со багетите врз неа и печете ги 20 минути на 220 степени. Благодарение на пареата што се шири од долната тепсија, багетите однадвор ќе бидат крцкави, а однатре меки и воздушести.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот