Реакцијата на бабата откако ДОБИ ПОДАРОК КОЈ ГО ЧЕКАЛА 20 ГОДИНИ стана хит на интернет (ВИДЕО)

принтскрин

Видеото од преслатката реакција на бабата која го отвара нејзиниот подарок стана хит на социјалните мрежи.

Захриа Лавет Палмер пред неколку дена на Твитер го објави видеото од својата баба и нејзината реакција на подарокот кој го посакувала цели 20 години, а видеото досега го погледнале 7,6 милиони луѓе.

Мојата баба вчера го прослави 72. роденден. Уживајте во нејзиното отворање на торбичката која ја посакуваше 20 години“, напиша нејзината внука покрај видеото.

Станува збор за „Brahmin“ торбичка од околу 400 долари, пренесува Дејли Мејл.

„Преслатко, а уште поважно, сигурен сум дека ја заслужила“, коментираа корисниците на Твитер, а снимката ја воодушеви и Миси Елиот, како и „Brahmin Handbags“ кои побараа контакт од бабата со цел да и подарат уште нешто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот