Реакција на Шекеринска за објавата на Ел Чека: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

принтскрин/јутуб

Министерката за одбрана и заменичка на премиерот Радмила Шекеринска, објави статус на „Фејсбук“, како реакција на објавениот прислушкуван прислушкуван разговор, односно т.н. нова „бомба на Ел Чека, која осамна утринава.

Во разговорот, за кој сега и официјално може да се потврди дека е меѓу Радмила Шекеринска и Фатмир Бесими, може да се слушне како сегашната министерка за одбрана бара од соговорникот нивниот човек во Државната изборна комисија „принципелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово“. Дополнително, таа вели дека доколку има прогласување секаде каде што победува тогашната опозиција, тоа го загрозува извештајот за Македонија.

– Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013. Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти! – напиша Шекеринска на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот