Реакција на битолската болница: Во ниту еден момент не беше одбиена интервенција за пациентите од сообраќајната несреќа

Откако Слободен печат денеска побара одговор од ЈЗУ Клиничка Болница Битола дали е вистина дека Ромите кои биле нападни од полицијата не добиле соодветна медицинска документација за прегледите во истоимената болница, директорката Билјана Гагачовска рече дека до тој момент таа не била запознаена со инцидентот.

Гагачовска изјави дека поплаки од пациенти до тој момент не биле регистрирани, со апел до засегнатите соодветно да пријават проблем доколку истиот се случил во болницата, а истакнувајќи дека во институцијата никогаш не се дискриминраат пациенти врз каква било основа.

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицaјци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)

По разговорот со Слободен печат, од Клиниката велат дека ја провериле електронската евиденција и медицинските дневници во ЈЗУ Клиничка болница Битола и разговарале со обезбедувањето на болницата и дежурните екипи на денот на наводниот инцидент.

До нашата редакција го доставија следното соопштение, кое ви го пренесуваме во целост:

– Утрото на 22.09.2020г околу 01:30ч со возило на Итна медицинска помош од Здравствениот дом во Битола, биле донесени на преглед две лица во одделението за Ургентна медицина во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Станувало збор за пациенти кои имале сообраќајна незгода и истите биле доста вербално агресивни и хостилни и со недолични зборови се обраќале кон обезбедувањето и медицинскиот персонал.

Веднаш биле прегледани од дежурниот лекар и поради повредите препратени на Одделение за ортопедија и трауматологија. Тука пациентите биле прегледани од дежурен лекар, евидентирани повредите и извршена тоалета на истите, препишана соодветна терапија.

Едно од лицата било испратено на РТГ каде е утврдено дека има фрактура на левата рака, поставена имобилизација, дадена соодветна терапија и закажана контрола по 7 дена. Во ниеден момент не било одбиено било каква интервенција врз пациентите.

Третиот пациент кој што бил замолен да почека бидејќи во моментот имало итна интервенција стенокардија, бил исто така прегледан во одделение за Ургентна медицина  и упатен на Одделение за очни болести каде бил прегледан,направена тоалета и интервенција и биле евидентирана неговата објективна состојба.

Сите податоци се евидентирани во електронскиот систем во медицинскиот извештај каде стои кога, на кој датум и во колку часот се извршени прегледите и стручно се опишани повредите кои биле регистрирани.

Сите податоци се извадени по медицински дневник, за лицата кои таа вечер биле донесени како резултат на сообраќајна незгода.

Ние како институција од секундарна здравствена заштита сериозно ја сфаќаме грижата за пациентите и сите ги третираме подеднакво без оглед на верска и етничка припадност. Не дозволуваме да бидеме поврзувани и обвинувани за било каква дискриминација, посебно кога и во овие услови на пандемија здравствените работници максимално даваат се од себе во служба на здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од ЈЗУ Клиничка Болница Битола.

Попладнево Ромите кои беа претепани од битолската полиција се обратија во живо на фејсбук-страната на Аваја и сведочеа што се случило ноќта по сообраќајната несреќа. За целото нивно обраќање кон јавноста, кликнете ТУКА.

Претепаните Роми од битолската полиција сведочеа во живо: Не малтретираа како стока, не тепаа и држеа во станица до 5 сабајле (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот