Расте цената на златото, денес грам се продава за 117 евра
Цената на златото викендов се искачи на највисоко ниво во последните шест недели, поттикната од засиленото „risk-off“ расположение на финансиските пазари, слабеење на доларот и очекувањата дека Федералните резерви на САД наскоро ќе започнат со намалување на каматните стапки.
Препорачано
Грам злато денес се продава по цена од 117 евра за унца (една унца злато е 31,1035 грама) чини 3.650 евра. Златото привлекува внимание на пазарот, а според анализата од Kitco, неколкуте клучни фактори ја обликуваат неговата блиска и среднорочна перспектива. Прва е монетарната политика на САД. Еден од главните двигатели на сегашниот раст на златото е зголеменото очекување за намалување на каматните стапки од страна на ФЕД.
Според анализите, инвеститорите повторно се насочуваат кон безбедни средства, откако акциите бележат пад, а економските неизвесности растат. Слабеењето на американскиот долар дополнително ја зајакна побарувачката, бидејќи златото станува попристапно за купувачите кои плаќаат во други валути.
Пазарните аналитичари предупредуваат дека претстојниот период ќе биде чувствителен на движењата на Федералните резерви. Секоја најава или чекор кон намалување на каматите би можел да создаде нов бран интерес за благородниот метал. Во исто време, финансиските институции како Deutsche Bank веќе ги ревидираат своите прогнози, предвидувајќи и понатамошен раст на цената во следната година.
За европските и регионалните купувачи, моменталните цени во евра претставуваат важен индикатор пред крајот на годината. Иако физичкото злато на пазарите обично носи дополнителна премија, сегашните трендови покажуваат дека благородниот метал останува стабилно засолниште во периоди на финансиска турбулентност.


