Расте бројот на заразени во Шведска, се размислува за нови мерки

Фото: Профимедиа

Шведска, која претходно одбиваше изолација како средство за сузбивање на пандемијата од ковид-19, ги гледа првите знаци на повторен пораст на бројот на заразени и сега би можела да воведе нови мерки во престолнината, рекоа денеска водечките фунционери задолжени за здравството.

Шведскиот модел на постапување со кој предност се даваше на личната одговорност на секој граѓанин пред мерките на ограничување кои би ги вовела владата беше остро критикуван на крајот на пролетта кога таа земја имаше голем број починати во однос на соседството, но од друга страна официјални лица од СЗО сметаа дека тоа е одржлив модел.

Заразите значително опаднаа летово и Шведска до сега го избегна остриот раст на новозаразени со каков минатиот месец се соочија Шпанија, Франција и Велика Британија.

Меѓутоа од петокот се потврдени околу 1.200 нови случаи и пет жртви. Порастот на нови случаи не може да се објасни само со зголемениот број на тестирања, објави Агенцијата за јавно здравство.

„Расте просечниот број на новозаразени“, рече Андерс Тегнел, водечкиот државен епидемиолог и автор на шведскиот модел.

„Тоа засега не се одразува на здравствениот систем“, рече тој и оцени дека бројот на нови случаи е многу низок, како и бројот на умрени.

„Но не можеме да го исклучиме воведувањето на нови мерки во главниот град. Разговараме со Стокхолм за тоа треба ли да се воведат нови мерки за намалување на ширењето на заразата. Што точно ќе се случи, за тоа ќе разговараме во идните пет дена“, додаде тој.

Шведска имаше 5.870 смртни случаи од почетокот на пандемијата, што е далеку повеќе по глава на жител отколку во соседните нордиски земји, но исто така имаше помал број од Италија и Шпанија кои одбраа изолација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот